Шестмина фанови на Ливерпул утре нема да го гледаат полуфиналниот меч на „Камп Ноу“ против Барселона, бидејќи се уапсени од страна на полициските службеници во каталонскиот град. Навивачите го нарушувале јавниот ред и мир во центарот на градот, фрлале со предмети кон полицајците и при тоа го попречувале сообраќајот.
Тие ќе бидат задржани во полициската станица, а полицијата од нив конфискувала дури 3.000 лименки пиво, со кои сигурно имале намера да се „загреат“ и да бидат во добро расположение во пресрет на спектаклот.
Дуелот Барселона – Ливерпул е закажан за утре во 21 часот.