Полицијата во Лондон објави фоторобот од крадец кој многу наликува на голгетерот

Лондонската полиција објави фоторобот на осомничен криминалец кој ги насмеа фудбалските фанови ширум светот. На фотороботот е ликот на осомничен за крадец кој минатиот месец ограбил старица во еден од елитните делови на западен Лондон.

Според тоа што го има нацртано лондонската полиција, ликот на фотороботот неодоливо потсетува на Хари Кејн. Голгетерот кој е најдобар стрелец во историјата на Тотенхем и прва опција во нападот на англиската репрезентација, летово направи трансфер во Баерн Минхен и игра во одлична форма.

Обликот на главата, носот и делот кај очите на фотороботот како да се копирани од фотографија на Кејн. Во описот на полицијата стои дека ограбувачот има околу 30 години, токму колку што има и Кејн.

Германскиот Билд во коментарот на оваа објава потенцира дека Кејн заработува 25 милиони евра годишно во Баерн Минхен и дека нема потреба да ограбува други луѓе за живот.

- Оглас -

Најнови вести