Полицијата во Мадрид заплени 11 тони фалсификувани дресови

Полицијата во Мадрид заплени 11 тони фалсификувани фудбалски дресови кои требаше да се продаваат за време на утрешното финале во Лигата на шампионите меѓу Реал и Борусија Дортмунд и за време на Европското првенство во Германија, кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули.

„Неколку организации планирале илегално да ги продаваат“, соопшти мадридската полиција.

 

Во рацијата учествувале 20 агенти, а запленети се 36.500 дресови на повеќе европски клубови и репрезентации, но и друга фалсификувана роба, како рачни часовници, кожни јакни. Проценетата вредност на запленетата роба изнесува шест милиони евра.

Истрагата започнала пред неколку месеци, кога шпанската полиција запленила два тони фалсификувани дресови на шпанските фудбалски екипи. Полицијата сега започна истрага против организациите кои увезуваат дресови и ги дистрибуираат низ земјата.

Фалсификуваните дресови се продаваат по цена од 25 евра, додека оригиналните дресови од 120 евра, па нагоре.

- Оглас -

Најнови вести