Динамо Загреб од 21 часот во Варшава ќе го игра реванш дуелот против Легија, во третото претколо од квалификациите во Лигата на шампиони. Пред првиот меч во Загреб, навивачите на двата тима направија големи нереди, но за среќа немаше посериозно повредени, иако неколку локали беа уништени.
Околу 500 навивачи на Динамо денеска ќе ги бодрат Модрите на реваншот, но полицијата спречи да има нов инцидент меѓу симпатизерите на двата тима. Пред влезот во Варшава, голем број на полицајци ги дочекаа „Бед блу бојси“ и не им дозволија влез во градот.
Навивачите на Динамо ќе пристигнат на стадионот во присуство на полиција, како би се избегнале евентуалните тепачки.