Полскиот фудбалер Матеуш Прашелик направи трансфер во Верона и беше претставен како играч кој ќе го носи дресот со бројот 88. Но, поради бројката на грбот, почнаа проблемите за Прашелик.
Фанови го обвинуваат Полјакот дека е фашист бидејќи во радикалните нацистички кругови, бројот 88 всушност е шифра која го симболизира поздравот „Хајл Хитлер“. Х е осмата буква во латиницата, па 88 е ХХ.
Фашистички настроените навивачи на Верона го фалат дека е „еден од нив“, но Матеуш бројот 88 го избра затоа што бројот 8, кој досега го носеше во Шласк Вроцлав, е зафатен.
Своевремено додека стоеше на голот на Парма, број 88 имаше и Џиџи Буфон, кој тогаш тврдеше дека не ја знаел поврзаноста на овој број со еден од најголемите злосторници во историјата.