Полјаците дојдоа, се испотепаа, направија фешта, се израдуваа, и си заминаа (фотогалерија)

Пред почетокот на синоќешниот меч меѓу Македонија и Полска, гостинските навивачи влејаа, поради тепачките кои ги направија. Во неколкуте инциденти кои беа забележани, ниеден не беше со македонски навивачи, туку полските фанови се пресметуваа меѓусебе.

Ако пред мечот беа разделени, на трибината, гостинските симпатизери делуваа сплотено. Одамна не се случило повеќе од 2.000 гостински фанови да дојдат во Скопје, а Полјаците на трибина направија добра атмосфера и на крајот се радуваа на триумф на нивната селекција од 1:0.

 

- Оглас -

Најнови вести