Полјаците ги кријат проблемите, Глик е повреден, не тренираа и Пјонтек и Рибус

Камил Глик, кој е стандарден репрезентативец на Полска, не тренираше денеска, заедно со одличниот шпиц на Милан Кшиштоф Пјонтек и крилниот играч на Локомотив Москва, Масиеј Рибус.

Полјаците имаат проблеми, но и широк ростер на квалитетни играчи што конкурираат за место во стартните 11 за следниот меч со Македонија на 10. јуни во Скопје во третото квалификациско коло за настап на Европското првенство во 2020 година.

Глик има проблем со ахиловата тетива, а Полјаците тврдат дека ќе биде подготвен за јунските дуели со нас и со Израел.

„Сега проблемот е многу помал од тој што го имаше Глик пред Светското првенство во Русија. И претходно најавивме дека денеска нема да тренираат Пјонтек и Рибус и со нив нема никаков проблем“, изјави портпаролот на полската репрезентација.

Полјаците тренираа во Мјеџлешје, место близу до чешката граница кое ќе биде база на репрезентацијата за дуелите со Македонија и Израел. Од денеска на подготовките се приклучи и првата ѕвезда во составот, Роберт Левандовски.

Во Скопје ќе се игра на 7. јуни на националната арена „Тодор Проески“ од 20.45 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести