И Полјаците ќе се приклучат во мај – Тестирање за ковид-19 на 4 мај, потоа на тренинг, па на фудбал

Полјаците го објавија својот план за продолжување на сезоната, а вообичаено како и сите велат дека ќе бидат претпазливи и ќе ги почитуваат препораките на здравствените власти.

Кжиштоф Павлачик, кој е член на медицинскиот тим на прволигашот Лех од Познањ, креираше план со своите колеги, а тој предвидува масовно тестирање на сите фудбалери закажано за 4 мај.

Потоа сите клубови би почнале со тренинзи во помали групи од по 4-5 фудбалери, а проектираното продолжение на полскиот фудбалски шампионат би бил во последната седмица на мај.

„Препорака за сите фудбалери, тренери и останатиот персонал ќе биде задолжително пријавување на евентуални симптоми на корона-вирус. Макар и само еден играч да биде заразен, мора веднаш да реагираме. Ќе има едукација за сите што ќе бидат вклучени во проектот како да се однесуваат“, изјави Павлачик.

Во популарната Екстракласа се одиграа 26 од предвидените 30 кола во регуларниот дел од шампинатот, а потоа треба да се игра плејоф за титулата и плејаут за испаѓање.

 

- Оглас -

Најнови вести