Полјаците се борат за продолжување на сезоната со присуство на публика!

Најелитниот полски шампионат Екстракласа планира да продолжи со натпреварување на 29 мај, додека Фудбалската федерација притиска фудбалот во оваа земја целосно да се врати во нормала. Тоа подразбира и присуство на публика, а полскиот медиум „Супер експрес“ тврди дека ова барање денес било доставено до премиерот на државата Матеуш Моравјецки.

Доколку се добие одобрување, ќе ги помести границите на нормалата во време на корона-вирусот, а наводно има и план како би се одвивало сето тоа.

Во првата фаза ќе се дозволат до 1000 навивачи на трибините, кои ќе исполнуваат по 20% од максималниот капацитет на секој сектор, притоа секој гледач поединечно ќе мора да се придржува до мерките за социјална дистанца. Билетите за мечевите ќе може да се купуваат онлајн, додека носењето маска ќе биде задолжително. Исто така присутните ќе влегуваат и ќе излегуваат во стадионите од посебни влезови.

Во популарната Екстракласа се одиграа 26 од предвидените 30 кола во регуларниот дел од шампинатот, а потоа треба да се игра плејоф за титулата и плејаут за испаѓање.

 

- Оглас -

Најнови вести