Полскиот напаѓач Аркадиуш Милик, даде интересна изјава на прес-конференцијата пред утрешниот дуел против Франција од осминафиналето на Светското првенство во Катар.
Полјаците знаат дека најголемата опасност по нивниот гол доаѓа од супербрзиот Килијан Мбапе кој досега даде три гола на Мундијалот, па Милик има „план“ како да го запрат.
„Како да се браните од Мбапе? Мора да бидеме брзи и да имаме скутер за да можеме да го фатиме. Тешко е да се одбраниш од него во директен дуел еден на еден. Тој е еден од најдобрите играчи на светот, ќе мора да реагираме како група и да најдеме колективни решенија“ – изјави Милик.