Полни сали во НБА-лигата од следната сезона?

НБА-лигата од сезоната 2021/22 планира целосно да ги отвори вратите од салите за фановите. Моментално околу две третини од екипите дозволуваат ограничен број  навивачи согласно здравствените протоколи и нивото на активни случаи на ковид-19 во одредени градови.

Со современа биометриска технологија која се користи на аеродромите ќе се овозможи полесно откривање на заразени лица од корона-вирус, па на тој начин ќе биде побезбедно за кошаркарските љубители да ги исполнат салите во целосен капацитет.

Останува на клубовите да дадат одобрување да се користи технологијата на компанијата „Клир“, која се користи во повеќето аеродроми во светот.

Засега не е познато дали до крајот на актуелната сезона ќе се вршат напори за враќање на фановите на трибини.

 

 

- Оглас -

Најнови вести