Полноќен експрес: Бостон и Чикаго ќе водат голема битка, Волците ќе немаат проблем против Орландо

8357 Бостон селтикс – Чикаго булс (00:30 часот)

Двете екипи важат за едни од најтрофејните во историјатот на НБА, а вечерва по којзнае кој пат ќе бијат нова битка на теренот.

Иако во последните сезони најчесто Селтикси беа тие што се радуваа на победата, сепак во оваа и Чикаго има свои пресметки по одлично завршениот преоден рок, каде што донесоа неколку врвни кошаркари.

Нам неутралните љубители на кошарката ни останува да уживаме во овој меч, каде што ќе се води нова голема битка на теренот.

Предлог тип: минус поени, 218.5 (1.93)

 

8358 Минесота тимбервулфс – Орландо меџик (01:00 час0т)

Оваа сезона Минесота се надева дека ќе успее да направи чекор напред од претходните и да дојде до конференциското финале.

Сепак, реалноста да се случи сето тоа е тешко, иако во своите редови го имаат Карл Ентони Таунс.

Вечерва не би требало да имаат проблеми против Орландо меџик, на кого оваа натпреварувачка година ќе им биде една од најлошите во историјата на оваа франшиза.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -8.5 (1.90)

 

8360 ЛА клиперс – Оклахома Сити тандер (03:30 часот)

Иако во своите редови сè уште го нема Кавај Ленард, кој се закрепнува од повредата на коленото, сепак домаќинот важи за апсолутен фаворит на вечерашната средба.

И двата тима знаат да одиграат одлична одбрана, нешто што не е својствено за почетниот дел од сезоната во НБА, па покрај домашен триумф, за очекување е дека нема да видиме голем број поени.

Предлог тип: 1 и минус поени, 212.5 (2.45)

 

8354 Филаделфија 76 – Портланд трејлблејзерс (00:00 часот)

Кога на едната страна го имате расположениот Џоел Ембид, а на другата Демијан Лилард, не можете да очекувате ништо друго освен натпревар кој ќе се игра на поен повеќе.

Портланд го краси еден од најдобрите напади, а одбраната, пак, е меѓу најлошите.

Се разбира, Филаделфија е казнена експедиција, иако во своите редови го имаат Бен Симонс, кој и покрај тоа што не игра, создава големи проблеми со своите изјави, иако соиграчите и тренерот му пружија поддршка со цел да се врати и да продолжи да игра за овој тим.

Предлог тип: плус поени, 221.5 (1.91)

 

8380 Никола Јокиќ (Мемфис Гризлис – Денвер Нагетс, 01:00 часот)

Минатогодишниот МВП од регуларниот дел на сезоната исто така игра во неверојатна форма и во оваа.

Србинот со сигурност посакува да ја добие истата награда, па затоа и вечерва ќе има уште една вонсериска партија.

Границата од 26,5 поени, како и дадениот коефициент (1.87) изгледаат како бонус за сите љубители на НБА.

Предлог тип: плус поени, 26.5 (1.87)

 

- Оглас -

Најнови вести