Полноќен експрес: Дербито во Мајами ќе биде голем „плус“

8580 Мајами хит – Лос Анџелес лејкерс (НБА, 00:00 часот)

Изминативе децении овие две екипи одиграа голем број на важни натпревавари во НБА. Вечерва со сигурност ќе гледаме интересна кошарка како и убав дочек на Леброн од страна на домашните фанови, бидејќи Џејмс своевремено беше еден од големото трио на Мајами.

Ако се погледнат ростерите тогаш со сигурност ова ќе биде една од најинтересните ако не и најинтересна средба од вечерашната НБА програма, иако Лејкерси сè уште не можат да сметаат на неколку играчи меѓу кои и Ентони Дејвис.

Предлог тип: >215.5 (1.91)

8587 Голден Стејт ворирорс – Јута џез (НБА, 02:30 часот)

И двете екипи имаат многу поквалитетна офанзива, отколку дефанзива, па затоа и на оваа средба ќе очекуваме голем број на поени.

Голден Стејт предводени од Стеф Кари и Клеј Томпсон ќе бараат нова домашна радост над еден од фаворитте од сенка за титула, додека Јута предводена од Руди Гобер, Донован Митчел кој е под знак прашалник, како и Богдан Богдановиќ ќе демонстрираат дел од своите напаѓачки способности.

Предлог тип: >220.5 (1.97)

8487 Денвер нагетс – Детроит пистонс (НБА, 02:00 часот)

Домаќините се изразити фаворити против еден од најслабите тимови во лигата.

Предводени од одличниот Никола Јокиќ, Денвер не би требало да има проблеми да дојде до очекуваната победа и со тоа да смета на подобрување на позицијата на западната конференција.

Покрај тоа што очекуваме прашањето на победникот да биде решен уште рано во првото полувреме, сметаме дека ќе има и мал број на поени.

Предлог тип: 1&< (2.40)

8422 Кулумбус блу џакетс – Отава сенаторс (НХЛ, 00:00 часот)

Вечерашната понуда од најквалитетната хокерјарска лига изнесува пет натпревари, кои нудат голем број на комбинации од Sport Life.

Интересно е што последните две средби на овие екипи во регуларните 60 минути завршиле со резултат 3:3, па и на оваа најавуваме голем број на голови.

Отава е во негативна серија од три порази, а на последите пет дуели во просек на нејзините натпревари паѓаат по 6.6 голови по натпревар, а уште поефикасно е на средбите на Кулумбус каде што гледаме точно по осум голови.

Предлог тип: >5.5 (1.60)

9739 Тампа беј баканирс – Лос Анџелес рамс (НФЛ, 21:00 часот)

Актуелниот првак игра против еден од највозбудлвиите тимови за следење во оваа сезона во полуфиналето од НФЦ дивизијата.

Победникот ќе закаже средба со Сан Франциско 49-ерс, а победникот од таа средба ќе игра во овогодинешниот Супер Бол.

Кога ги има Том Брејди и Роб Гронковски во тимот, јасно е дека фаворитската улога е на страната на Тамба, но, и гостите има што да покажат, особено со доаѓањето на Одел Бекам џуниор.

Во секој случај од 21:00 часот не очекува еден од најинтересните натпревари сезонава во НФЛ лигата, а ние очекуваме дека ќе видиме и голем број на поени.

Предлог тип: >48.5 (1.95)

- Оглас -

Најнови вести