Полноќен експрес: Милвоки ќе покаже зошто е најдобар во НБА-лигата

8622 Милвоки бакс – Индијана пејсерс (02:00 часот)

Првакот од минатата сезона, Милвоки бакс, на домашен терен вечерва ќе ја пречека Индијана и ќе покаже зошто е број еден во НБА.

Популарните елени токму со игрите прикажани пред своите навивачи стигнаа до титулата и предводени од неверојатниот Јанис Адетокумбо.

Милвоки и оваа сезона е фантастичен пред своите навивачи, а на Истокот котира на високото трето место.

Додека, пак, Индијана се наоѓа во долниот дел.

Предлог тип: 1 (2.35)

 

8621 Далас Маверикс – Лос Анџелес лејкерс (01:30 часот)

Секако дека ова ќе биде еден од највозбудливите и најинтересните натпревари од вечерашната понуда.

Под знак прашалник е настапот на Лука Дончиќ, кој има повреда на стопалото. Со неговото присуство на теренот јасно е дека забавата ќе биде на едно повисоко ниво и ќе им ја отежни работата на Леброн Џејмс и другарите.

И двете екипи играат добри одбрани, па такво нешто се очекува да биде прикажано и во 01:30 часот по полноќ.

Предлог тип: <213.5 (1.88)

 

8628 Портланд трејлблејзерс – Мемфис гризлис (04:00 часот)

И двете екипи се фокусираат исклучиво на нападот.

Голем плус за домаќините е што го имаат одличниот Демијан Лилард, кој се враќа по повредата на мускулот.

Затоа и границата од 219.5 изгледа навистина привлечна.

Од последните пет дуели, дури четири оделе над 230 кошеви, па затоа и не гледаме причина зошто тоа не би се повторило.

Предлог тип: >218.5 (1.97)

 

8626 Јута џез – Лос Анџелес клиперс (04:00 часот)

Во некои други околности ова ќе беше супер натпревар за гледање, но вечерва тешко дека ќе биде така.

Кај Клиперси покрај тоа што веќе подолго време е повреден Кавај Ленард, на ова гостување најверојатно ќе бидат и без Пол Џорџ.

Ќе биде тешко ова гостување кај Јута, која е немилосрдна и има осум победи на последните 10 натпревари.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -9.5 (1.95)

 

8350 Филаделфија 76-ерс – Мајами хит (01:00 часот)

„Болницата“ во Мајами претставува голем проблем за овој тим.

Бам Адебајо, Џими Батлер, Маркиф Морис и Виктор Оладипо се само дел од повредените.

Додека, кај Филаделфија од други, но веќе познати причини, го нема Бен Симонс.

Затоа и самиот коефициент говори дека поради овие причини, домаќинот е фаворит на хартија, но не мора ништо да значи бидејќи Мајами навистина има голем потенцијал во своите редови.

Предлог тип: <205.5 (1.88)

- Оглас -

Најнови вести