Полноќен експрес: Стеф Кари ќе има уште една магична вечер

8522 Стеф Кари (Голден стејт ворирорс – Њу Орлеанс пеликанс, 03:00 часот)

Стеф Кари со своите игри на почетокот од оваа сезона се наметнува како најсериозен кандидат за МВП на регуларниот дел од сезоната.

Серијата блескави партии се очекува да биде продолжена и вечерва, каде што во 03 часот, тој и Голден стејт ќе го пречекаат Њу Орлеанс.

Фаворитската улога му припаѓа на домаќинот, со оглед на лошата форма на гостите, кои повторно ќе бидат без Зајон Вилијамсон, па затоа за очекување е дека Кари ќе ја надмине границата од 32 поени.

Предлог тип: плус поени, 31.5 (1.87)

 

8559 Минесота тимбервулфс – ЛА клиперс (01:00 часот)

Границата од 216,5 поени изгледа навистина привлечна, а со игрите коишто ги прикажуваат двата тима, за очекување е таа да биде надмината.

Домаќините играат навистина одлично, предводени од Карл Ентони Таунс, а на другата страна е одличниот Пол Џорџ.

Иако за тимот од Лос Анџелес сè уште не е доволно закрепнат Кавај Ленард, сепак ростерот е и повеќе од солидно пополнет со квалитетни играчи кои во секое време се способни да дадат кош повеќе од секоја позиција.

Предлог тип: плус поени, 216.5 (1.97)

 

8560 Портланд трејлблејзерс – Индијана пејсерс (03:00 часот)

Портланд сезонава игра по принципот топло-ладно. По секој добро одигран натпревар, следува студен туш и убедлив пораз, а ако се следи таа статистика, тогаш вечерва ќе „настрада“ Индијана.

Демијан Лилард заедно со своите соиграчи ќе се обидат да дојдат до нова победа, со којашто ќе ја прекинат серијата од три едноподруго порази.

Дополнителен плус за нив е тоа што ќе отсуствуваат неколку играчи кај гостите, додека домаќинот нема никакви повреди и ги има сите кошаркари на располагање.

Предлог тип: 1 со хендикеп, -3.5 (1.92)

 

8562 Сакраменто кингс – Шарлот хорнетс (03:00 часот)

Практично и двата тима се „отпишани“ од сите тие што повеќе ја следат НБА-лигата.

Шарлот дефинитивно го има еден од најслабите тимови во својата историја и јасно е дека прават „ребилд“ на тимот за во иднина.

Сакраменто, пак, е изгубен со години наназад и никако да го склопи вистинскиот тим со којшто ќе бидат поконкурентни. Тоа што немаат резултатски притисок, значи дека ќе видиме голем број поени од двете екипи.

Предлог тип: плус поени, 225.5 (1.94)

 

8558 Милвоки бакс – Њујорк никс (00:30 часот)

Актуелниот НБА-првак до титулата дојде благодарение на одличните партии пред своите навивачи. Противникот е по мерка бидејќи Никси претежно се доминантни исто така пред домашната публика.

Јанис и дружината не би требало да имаат проблем да ги задржат гостите кои се лимитирани во нападот и главен акцент им е одличната дефанзива.

Иако ќе отсуствуваат Мидлтон и Донте ди Винченцо, сепак Милвоки нема да има проблем да го „стопира“ Џулиус Рендл и останатите негови соиграчи.

Предлог тип: Т2 минус поени, -105.5(1.94)

 

- Оглас -

Најнови вести