17.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Полноќен НБА-спектакл, втора мегапресметка меѓу Јокиќ и Ембид за само десет дена (Фото)

Вечерва во најсилната кошаркарска лига, НБА, ќе се одиграат девет натпревари, а стартот е во европски термин, од 21 часот (дуелот меѓу Детроит и Вашингтон започна во 18 часот) и тоа на големо задоволство на фановите на стариот континент бидејќи дуелот на двајцата најдобри кошаркари ќе започне пред полноќ по средноевропско време.

Во фокусот на вечерашните дуели ќе биде мегапресметката меѓу Денвер и Филаделфија, каде еден против друг ќе играат МВП-играчите од последните три години, Никола Јокиќ и Џоел Ембид. Постои можност Јокиќ да не настапи поради повреда на окото, но медиумите во САД немаат дилеми дека центарот на Денвер ќе игра.

Првиот дуел меѓу Денвер и Филаделфија сезонава се одигра пред точно десет дена и славеа сиксерси со 126:121, Ембид постигна 41 поен и имаше 10 асистенции, додека Јокиќ имаше дабл-дабл од 25 поени и 19 скока.

Овој паст квотите се на страната на Денвер (1.55), а границата за играта на „плус-минус“ поени за Јокиќ е поставена на 26,5, односно на 36,5 поени за Ембид.

Уште едно дерби ќе се игра во Бостон каде лидерот на Истокот ќе го пречека ЛА Клиперс кој се наоѓа во серија од четири победи во низа.а Ова ќе претставува дуел меѓу фантастичното дуо на Бостон, Џејсон Тејтум и Џејлен Брау од едната страна и Каваи Ленард, Пол Џорџ и Џејмс Харден од другата страна. Бостон кој пред своите гледачи во „ТиДи гарден“ има само еден пораз (од Денвер 102:100) ќе ја има фаворитската улога и квотата за триумф изнесува 1.41.

Според квотите, фаворитска улога имаат и Јута против Шарлот (1.32), Милвоки против Њу Орлеанс (1.55), Минесота против Сан Антонио (1.22).

НБА-понудата на Sport Life е зачинета и со големиот избор на кошаркари за играта на плус, или на минус поени.

- Оглас -

Најнови вести