Португалскиот гигант Бенфика на интересен начин пред еден часот по полноќ и официјално го потврди трансферот на напаѓачот Дарвин Нуњес во Ливерпул за сума од 75 милиони евра.
Полноќната сеанса е само печат на трансферот што беше очекуван, а вкупниот трансфер на Уругваецот во редовите на англискиот гигант може да достигне и сума од 100 милиони евра со предвидените бонуси.
Во трка за ангажман на Нуњес, кој одигра брилијантна сезона за Бенфика и постигна 34 гола, беше и Манчестер јунајтед, но Ливерпул беше поконкретен и со подобра понуда.
Се очекува Нуњес да потпише договор со Ливерпул до 2028 година.