Полноќна трансфер-бомба, Граѓаните се договорија со Хрватот кој ќе стане најскап дефанзивец во историјата

Актуелниот англиски и европски шампион Манчестер сити, вечерва ги договори личните услови во Јошко Гвардиол и наскоро ќе започне преговори со Ред Бул Лајпциг, објави новинарот кој е експрерт за трансфери, Фабрицио Романо.

Романо објави дека Хрватот ја прифатил понудата на Граѓаните за висината на платата и должината на договорот.

Сити во наредните денови ќе започне преговори со тимот Ред Бул Лајпциг кој бара 100 милиони евра отштета. Засега Сити е подготвен да плати 90 милиони евра, но за очекување е да се најдат на средина и Граѓаните да понудат дополнителни бонуси.

Кога ќе се договорат двата тима, Јошко Гвардиол ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.

Актуелен рекордер е Хари Мегваер за кого Манчестер јунајтед на Лестер му плати 87 милиони евра.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1672708232597348361?s=20

- Оглас -

Најнови вести