Седум натпревари од НБА-лигата нуди Полноќниот експрес, а воочливо е дека во дел од нив играат големи фаворити. Ова значи дека играчите имаат на располагање НБА зицери, па ќе видиме дали и тимовите тоа ќе успеат да го „испочитуваат“.

Детроит игра во одлична форма и е фаворит на гостувањето кај Јута џез, а Оклахома сити тандер и Мајами хит се очекува да триумфираат на натпреварите на домашен терен.
Покрај стандардната понуда, се разбира дека се подготвени и квотите за поентерскиот ефект на кошаркарите – плус/минус поени.
