Полноќниот експрес ќе продолжи со ноќни фудбалски возбудувања

Со Полноќниот експрес ние се обидoвме да ви помогнеме за типување на мечеви од НБА и НХЛ лигата во изминатиов период, а бидејќи тие завршија, не значи дека тука е крајот на Експресот. Стартува Копа Америка, а дел од натпреварите кои ќе се играат по полноќ ќе бидат анализирани со цел да се направи или да се искористи за добитен тикет во Sport Life обложувалници. Исто така, ден подоцна стартува и континенталниот собир на Централна и Северна Америка, односно Златниот куп, така што ќе има избор за типување.

Ноќеска се игра само еден натпревар, отвора домаќинот Бразил против селекцијата на Боливија. Кариоките ќе се појават на стадионот „Де Морумби“ во Сао Пауло, а средбата ќе започне во 02:30 часот по полноќ.

Бразил е еден од главните фаворити за освојување на јужноамериканскиот шампионат, што значи дека и против Боливија ќе ја има фаворитската улога. Oсумкратниот континентален првак веќе 12 години чека титула во ова натпреварување, а во 2007 година последен пат се појавија во финалето, кога и ја освоија Копа Америка.

Селекторот Тите нема да смета на најголемата бразилска ѕвезда Нејмар, а во пресрет на првенството се повреди и клучниот играч за врска Артур. Хендикеп во одбраната ќе биде и отсуството на повредениот Маркињос, но знаејќи дека обичен „кец“ на Бразил носи квота од 1.08 според Sport Life, и без овие главни играчи се очекува доминантна победа.

Боливија пак, ќе се надева на сензационални подвизи против домаќинот, но и против Перу и Венецуела, противниците од групата А. Против Кариоките, многу ретко издвојуваат позитивни резултати. Последен триумф паметат во 2009 година во рамки од квалфикациите за Светско првенство, а тоа е нивен единствен триумф во последните 8 меѓусебни средби против Бразил.

Предлог тип: 1-1 & 3-5 (2.18)

- Оглас -

Најнови вести