Полноќниот експрес вози до добивка со Специјалот на „Sport Life“

Колумбија – Чиле (Копа Америка, 01 часот)

Ова е дербито на четвртфиналната рунда на Копа Америка, а и двете селекции имаат највисоки амбиции, да го освојат трофејот.

Двојниот актуелен шампион Чиле има еден пораз, од Уругвај во последното коло во фазата по групи, што може да ги чини скапо, бидејчи добија тежок ривал на патот кон хет-трик.

Чиле има две титули по ред и одличен биланс против популарните „Лос Кафатерос“. Досега двете селекции одиграа 38 пати меѓусебе и Чилеанците имаат 15 победи, 10 порази и 13 дуели завршија нерешено.

Кај Колумбија повторно ќе ги нема голманот Оспина и повредениот Муриел, но имаат состав кадарен да игра против секоја селекција на светот. Откако селектор им е Карлос Кеироз играат прекрасно, а двајцата голмани Монтеро и Оспина искомбинираа долг период од 480 минути без примен гол.

За дуелот со Чиле дилемата на Кеироз ќе биде дали во нападот да почне Фалкао, или Запата, двајцата врвни шпицови, што само ја покажува силата на Колумбија.

На ова издание на Копа немаат примено гол, последен пат Јужнокорејците во март во пријателски меч им ја тресеа мрежата, која оттогаш мирува, без разлика кој брани.

Чиле нема пораз на Копа од Колумбија од 2001 година, а токму тогаш Лос Кафетерос ја освоија првата и единствена титула.

Се очекува тврд и неизвесен меч, па ќе типуваме со малку голови и мала предност за Колумбија.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.60)

 

Колумбија – Чиле (Копа Америка, 01 часот) Прв црвен картон

Обложувалниците на Sport Life како и секогаш имаат интересна понуда и за Копа Америка, а можете да го одиграте и специјалот што е на менито за дербито меѓу Колумбија и Чиле.

Наш предлог е да се одигра прв црвен картон на Чиле, а коефициентот е одличен и изнесува 4.50.

На последните пет меѓусебни дуели на овие две селекции имаше дури три исклучени играчи, двапати Чиле играше со фудбалер помалку, а еднаш и Колумбија остана со десетмина на терен.

Се очекува жестока битка на „Коринтијанс арена“ во Сао Паоло, а и во двете селекции има играчи што знаат да претераат со стартовите, па очекуваме да има доста жолти картони и ќе типуваме прво исклучување на мечот во таборот на Чиле.

Предлог тип: Прв црвен картон Чиле (4.50) Специјален сингл на Sport Life

 

Колумбија – Чиле (Копа Америка, 01 часот) Стрелец во тек на мечот Дуван Запата

Напаѓачот на Колумбија има извонредна сезона зад себе во дресот на Аталанта и со 23 гола беше втор стрелец во Серија и најзаслужен за историскиот пласман на тимот од Бергамо во Лигата на шампионите.

Иако тој и Радамел Фалкао се најголемата дилема на Карлос Кеироз за позицијата шпиц на мечот со Чиле, ќе типуваме дека Запата ќе биде стартер и ќе постигне барем еден гол против актуелниот шампион на Копа Америка.

Се работи за извонредно силен и брз фудбалер. Дуван знае да искористи и најмала шанса во противничкиот шеснаесетник, самодовербата му е на највисоко ниво по блескавите настапи за Атланта и дури 23 постигнати голови.

Запата беше стрелец за Колумбија против Катар, со погодок во 86. минута ја донесе победата, погоди и на дуелот со Аргентина, па ќе типуваме дека повторно ќе биде стрелец и против Чиле.

Предлог тип: Стрелец на гол Дуван Запата (2.75) Специјален сингл на Sport Life

 

Колумбија – Чиле (Копа Америка, 01 часот) Број на корнери

Во понудата на Sport Life за мечот меѓу Колумбија и Чиле може да се одигра и стандардната игра број на корнери. И има и интересна статистика на последните 4 дуели на овие две селекции.

Дури трипати бројот на корнерите беше во границата од 7-9 за која коефициентот во Sport Life е одличен и изнесува 3.50. Секогаш е ризично да се типува на игра која нуди одредени граници, но очекуваме тврд меч и ќе и веруваме на традицијата во последните меѓусебни дуели на Колумбија и Чиле.

Предлог тип: Број на корнери од 7 до 9 (3.50) Специјален сингл на Sport Life

 

 

 

 

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести