Напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди, синоќа околу полноќ пристигна во Истанбул, каде треба да мине лекарски прегледи и да ја потпише позајмицата за Галатасарај. Тоа донесе еуфорија меѓу фановите на Црвено-жолтите.
Голем број навивачи дојдоа на аеродром да го пречекаат и поздрават Икарди, тој им врати со неколку навивачки песни кои ги научил, а покрај него беа и сопругата Ванда, и петте деца.
Снимка од автомобил покажува колку Турците се запалени по новото мега засилување, сите сакаа да бидат што е можно поблиску до Аргентинецот, кој во Истанбул ќе има приватен готвач и 24-часовно обезбедување.
https://twitter.com/i/status/1567635771577827330