Полноќно шоу на Копа Америка: Бразил и Уругвај во битка за полуфинале, Колумбија треба лесно да пројде

Трофејните јужноамерикански селекции на Бразил и Уругвај ќе играат меѓусебе во четвртфиналето на Копа Америка. Дуелот се игра во три часот наутро по македонско време, а победникот ќе убезбеди пласман во полуфиналето и ќе се сретне со подобриот од пресметката меѓу Колумбија и Панама.

Големо е ривалството меѓу Бразил и Уругвај. На последниот меѓусебен дуел одигран шред неколку месеци, Уругвај дома победи со 2:0, што беше и нивни прв триумф над кариоките во последните 20 години. Претходно Бразил имаше сеудм победи во низа, а четири дуели завршија нерешено.

Колумбија која нема пораз во последните 26 меча, односно во последните две и пол години е апсолутен фаворит за победа над Панама, која е најпријатно изненадување. Панама го победи домаќинот САД и се избори за дуел против еден од најсилните ривали на овој турнир.

- Оглас -

Најнови вести