Половина час за Елмас во ремито без голови против Фиорентина

Фиорентина го задржа Наполи на реми без голови, што е прв кикс за тимот на Елиф Елмас, кој мечот на „Артемио Франки“ го почна од клупата за резерви и одигра половина час.

Осимхен во првото полувреме тргна да се радува на гол, но поради недозволена позиција истиот беше поништен, па до крајот на натпреварот ниту Елмас како џокер од клупата по влегувањето во 61-та минута, не успеа да влијае врз резултатот.

Наполи по три кола во Серија А освои седум од максимални девет бода и остана на врвот на табелата, додека за Виолетовите ова е второ реми.

Останати резултати 3-то коло Серија А:

Салернитана 4-0 Сампдорија, Верона 0-1 Аталанта, Лече 1-1 Емполи.

- Оглас -

Најнови вести