Половина милијарда евра за еден играч? Па, ниту најбогатите не се толку „луди“

Ерлинг Халанд може да пропушти голем трансфер во претстојното лето поради неговиот агент Мино Рајола. Контроверзниот фудбалски посредник постави ненормално високи услови за ангажман на норвешката сензација, која ќе ги натера и најбогатите клубови да се повлечат.

Познато е колкави цифри побарал Рајола во еднонеделната екскурзија која ја направи со таткото на Халанд, Алф-Инге, во која се сретнаа со шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, а наводно таа продолжи и на Островот.

Имено, Рајола сака да му се обезбеди годишна плата од 35 милиони евра на Халанд, а должината на договорот да биде најмалку пет години. Без да се сметаат бонусите, неговиот договор би чинел 175 милиони евра, а ако се земат предвид и останатите трошоци, како процент од трансферот за самиот Рајола и сумата на ангажманот, целиот трансфер би чинел околу половина милијарда евра само за еден фудбалер.

Квалитетот и талентот на Халанд е неспорен, но таква инвестиција во овие услови е невозможна, особено ако се земе предвид фактот дека Милионерите би ја ослободиле својата млада ѕвезда за најмалку 150 милиони евра. Затоа, сè поголеми се изгледите дека Халанд ќе го носи жолтиот дрес најмалку уште една сезона.

- Оглас -

Најнови вести