Половина светска популација го гледала СП во Русија

Според истражувањата на агенцијата „Публицис медија спорт енд ентертеинмент“ за потребите на ФИФА, рекордни 3,57 милијарди луѓе го гледале на телевизија Светското првенство во фудбал, кое летоска се играше во Русија. Ова значи дека околу половина од светското население го гледало Мундијалот на кој триумфираше Франција со победа над Хрватска во финалето.

Финалето го гледале повеќе од 1,2 милијарда луѓе, а полуфиналето помеѓу Англија и Хрватска, го гледале 327,5 милиони луѓе. На шампионатот се играа 64 меча во периодот од 14 јуни до 15 јули, и според шефот на маркетинг на ФИФА, СП во Русија е најуспешно во историјата, според бројноста на публиката крај телевизорите.

Во истражувањето, во предвид биле земани луѓе над 4-годишна возраст, па затоа може да се каже дека повеќе од половина свет го гледале првенството. Бројот на луѓето кои гледале фудбал повеќе од три минути, е за 10,9 проценти поголем од бројката за време на СП во Бразил во 2014 година.

- Оглас -

Најнови вести