Полска го декласира Бразил во последниот меч од Б групата и славеше победа со 10 гола разлика, 33:23, доволно за второ место и два бода што ги пренесува во вториот круг.
Драматично беше во дербито во А групата, а Унгарија успеа да приреди мало изненадување со победа против Германија од 29:28.
Банхиди и Мате беа јунаци на големата победа на Унгарците, а и двајцата постигнаа по 8 гола, но клучен беше голот на Лекаи на 3 секунди до крајот за голем триумф на првопласираната екипа во А групата.
Во последниот меч од Д групата, Данска очекувано забележа убедлива победа против Аргентина, со 11 гола разлика, 31:20 и го освои првото место.
Данците патуваат во втората фаза со максимален број бодови, четири, и ќе бидат фаворити за настап во нокаут-фазата.