Полска и без Левандовски може да победи во Хелсинки

5626 Саудиска Арабија – Австралија (20.15 часот)

Ова е најинтересниот денешен натпревар од азиските квалификации за СП 2026 затоа што одлучува кој ќе оди директно на Мундијалот. Австралија со една нога веќе е на СП бидејќи има предност од три бода, а и за осум гола подобра гол-разлика, па на популарните Сокероси им одговара и реми, дури и пораз до четири гола разлика. Саудиска Арабија најверојатно ќе треба да се задоволи со дополнителни мечеви, баражи и подолг пат до пласман на СП. На првиот меч во Австралија беше 0-0, Саудијците во девет кола постигнаа само 6 голз, па не делува реално дека може да дадат пет колку што им требаат. При последното гостување на Австралија во С. Арабија во 2022 година беше 1-0 за домашните.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.77)

 

6740 Финска – Полска (20.45)

Кавгата на Левандовски со селекторот и неговото напуштање на репрезентацијата може да има негативен ефект врз полскиот тим, но може да биде и обратно, мотивацијата да им се зголеми на оние коишто играат и во кои селекторот има целосна доверба. Полска тргна добро во квалификациите за СП, има 6 бода по две кола, но играше дома против аутсајдерите Литванија и Малта, па не е ни чудо што уште немаат примено гол. Финска има четири бода од три кола, пред три дена дома загубија од Холандија. Финците една и пол година немаат победа на домашен терен, а последната победа над Полска им е во 2006 година.

Предлог тип: 2 (2.05)

 

6742 Холандија – Малта (20.45 часот)

Кај овој пар нема дилеми кој ќе победи, Холандија е огромен фаворит, само прашање е со колку голови ќе го заврши мечот. Со оглед на односот на силите и фактот дека Малта по три кола нема дадено гол и против послаби ривали, тешко дека Малта може да постигне гол, сигурица е дека Лалињата ќе победат без примен гол. Овие две селекции 30 години немаат играно меѓу себе, а во таа 1995, кога играат последен пат, Холандија и дома и на гости победуваше со по 4-0.

Предлог тип: 1-1 & 3-5 (1.90)

 

6743 Романија – Кипар (20.45 часот)

Во овие квалификации Романија има една победа и два пораза, а и Кипар има три бода, но од два меча. Заедничко е што двата тима го победија Сан Марино. Пред три дена Романија загуби од Австрија, додека Кипар пред четири дена во пријателски меч одигра 2-2 со Бугарија. Романија и Кипар беа во иста група и во Лигата на нациите, па есеноска играа меѓу себе, двата меча завршија со убедливи победи на Романците од по три гола разлика, па се знае кој е голем фаворит вечерва во Букурешт.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (2.15)

 

6744 Сан Марино – Австрија (20.45 часот)

Сан Марино важи за најслаба селекција во Европа и Австрија може да смета дека ќе освои три бода. Селекцијата од малата земја на Апенинскиот Полуостров пред три дена загуби со минимални 0-1 од Босна и Херцеговина, за нив тоа е успех. Австрија тргна со победа над Романија и ова им е шанса малку да си ја поправат гол-разликата. Австријците само еднаш гостувале во Сан Марино, во 1998 година, и победиле со тесни 2-1.

Предлог тип: 2-4 гола (1.82)

- Оглас -

Најнови вести