32.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Полска и официјално доби нов селектор

Поранешениот полски репрезентативец Јан Урбан е назначен за нов селектор на националниот тим, потврди Полската фудбалска асоцијација (ПЗПН).

„Веруваме дека ова назначување ќе ѝ овозможи на репрезентацијата да го развие својот целосен потенцијал. Нашата цел е да се квалификуваме на заввршницата на Светското првенство во 2026 година“, изјави претседателот на Фудбалската асоцијација, Чезари Кулеша.

Поранешен напаѓач со 57 настапи и седум гола за Полска. Урбан како фудбалер настапи на Светското првенство во 1986 година, а во клупската кариера освен во родната Полска, настапуваше и во клубови од Шпанија (Осасуна, Валјадолид и Толедо).

На селекторската клупа доаѓа на местото на Михал Пробиерж, кој имаше турбулентен период како репрезентативен предводник. Тензиите се разгореа откако Пробиерж му ја одзеде капитенската лента на првата ѕвезда во составот, Роберт Левандовски, по неговото повлекување од тренинг-кампот.

Ситуацијата се влоши уште повеќе по поразот од Финска со 2-1 во важен квалификациски натпревар за Светското првенство, што доведе до оставка на Пробиерж.

Првиот тест за Урбан ќе биде натпреварот на гостински терен против Холандија на 4 септември. Лалињата се лидери на табелата во квалификациската група.

- Оглас -

Најнови вести