Полска куртули од голема мака против Русија, се повреди Кралот на стрелците во Европа

Роберт Левандовски е повреден и се повлече од тренингот на Баерн Минхен поради проблем со коленото.

Кралот на стрелците во Европа не сакаше да ризикува да се влоши повредата, па предвреме го напушти тренингот на Баварците, во координација со медицинскиот тим на Баерн и на тренерот Јулијан Нагелсман.

Левандовски игра во топ-форма, но одвреме-навреме има проблеми со двете колена. Требаше да игра и за Полска на првиот бараж за пласман на Мундијалот во Катар, но неговата репрезентација имаше многу среќа и нема да игра на 24 март во Москва против Русија, по исклучувањето на ривалот од последниот квалификациски филтер за СП.

Со одлука на ФИФА, Русија е исфрлена и нема да игра на 24 март, па на Полјаците и на Левандовски им е олеснет патот кон Катар.

Ќе треба да играат на 29 март со победникот од бараж-мечот меѓу Шведска и Чешка и тоа на домашен терен.

Според проценките на медициснкиот тим на Баерн, дотогаш Левандовски ќе биде фит, што е добар знак и за него и за Полска и за германскиот шампион.

 

- Оглас -

Најнови вести