Селекцијата на Полска се пласираше во четвртфиналето на Европското кошаркарско првенство, откако со 80:72 славеше над Босна и Херцеговина. Не започна мечот како што очекуваше фаворитот. Босна и Херцеговина поведе со 13:2, а по првата четвртина водеа со 23:14.
И во текот на целата втора четвртина БиХ имаше водство, но на полувреме заминаа само со четири поени плус (44:40). Водеа Босанците и во поголем дел од третата четвртина, во еден момент и со 56:59, но потоа следуваше „будење“ на Полска.
Со серија од 8:0, Полска прв пат поведе со 57:56, а еден поен имаа и по три четвртини игра (62:61). Последното водство БиХ го имаше 66:65, а потоа Полска со серија од 11:2 стигнаа до водство од 76:68 и до крајот на дуелот не дозволија да бидат изненадени.