19.8 C
Skopje
понеделник, 1 септември 2025

Полска не дозволи изненадување, Италија рутински против Босна и Херцеговина

Кошаркарите на Исланд беа на прагот од сензационална победа на Европското кошаркарско првенство и тоа против еден од домаќините, но Полска не го дозволи тоа и на крајот славеше со 84-75. На средина од последната четвртина, Исланѓаните имаа предност од 73-70, но Полска со серија од 14-2 дојде до планираната победа, па со максимални три победи е лидер во групата „Д“.

Италија без посериозни проблеми и рутински дојде до победата над Босна и Херцеговина, откако успеа да ги добие сите четири четвртини, а на крајот и да слави со 96-79.

Сепак, неизвесност имаше во првиот полувреме, а Босанците го имаа водството само на почетокот од мечот. Италија го доби првиот период минимално со 22-21, а на големата пауза се замина со нивно водство од 44-40. Во второто полувреме комплетна италијанска доминација и заслужена победа од 17 поени разлика.

- Оглас -

Најнови вести