Полска немоќна без Левандовски, натпреварот беше во прекин околу 30 минути

Репрезентацијата на Полска загуби на гостувањето кај Финска со 2-1 и си го расипа максималниот учинок во квалифиакциите за пласман на Светското првенство. Полската репрезентација настапи без Роберт Левандовски, кој влезе во отворен конфликт со селекторот бидејќи му ја одзеде капитенската лента, па најави дека нема да игра додека Пробиерж е селектор.

Неговото отсуство се почувствува и на теренот, па Финска поведе со голот од пенал на Похјанпало во 31-вата минута. Во 64-тата минута веќе беше 2-0 за Финска, откако Калман успеа да го најде патот до мрежата на Полска. Гостите намалија преку Кивиор во 69-тата минута, но тоа беше сè што сторија на овој меч, иако имаа дури 21 удар кон противничкиот гол.

Сепак, мечот беше одбележан од 30-минутен прекин, кој се случи во моментите кога се играше 78-мата минута. На некој од гледачите му се слоши, па беше повикана медицинската екипа да интервенира на трибините. Мечот беше прекинат, а фудбалерите се упатија во соблекувалната. Сепак, на крајот сè добро се заврши, а фудбалерите откако имаа кратко загревање, го продолжија мечот.

- Оглас -

Најнови вести