Главните вести изминатите неколку дена од подготовките на репрезентациите за настапот на Европското првенство се поврзани со повредите на фудбалерите, но се чини најголеми проблеми ќе има селекторот на Полска, Михал Пробеж, кој само на пет дена до почетокот на првенството остана дури без тројца напаѓачи.
На мечот против Украина се повреди Аркадјуш Милик, додека синоќа повреди заработија и Карол Швидерски и Роберт Левандовски. Швидерски го постигна првиот гол против Турција, па откако лудо го славеше голот, се повреди и мораше да биде заменет. Само 15-тина минути подоцна на повреда се пожали и ѕвездата на Барселона, па дополнителните прегледи треба да покажат дали барем некој од тројцата напаѓачи ќе биде подготвен за настап на првиот натпревар против Холандија на 16 јуни.
Единствениот здрав напаѓач кој го има Полска во моментов е Кжиштоф Пјонтек.