Полска со Левандовски и Пјонтек ќе ја напаѓа Македонија

Во пресрет на октомврискиот квалификациски циклус за ЕП 2020, селекторот на Полска Јиржи Брзечек, го одреди составот со којшто ќе ја пречека македонската репрезентација во Варшава. За закажаниот дуел на 13 октомври, Брзечек сосема очекувано ќе располага со капитенот Роберт Левандовски и Кжиштоф Пјонтек, голгетерите кои најмногу се закануваа и во Скопје кон голот на Димитриевски, како и Аркадјуш Милик, кој е трета опција за полскиот селектор.

Пред средбата со нашата селекција, лидерот во квалификациската група Г ќе гостува во Рига, каде што ќе ги одмери силите со Летонија во обидот да се зголеми бодовната предност во однос на Словенците.

Список на повикани фудбалери

 

Македонија во досегашните шест кола од квалификациите освои вкупно осум бода, со по две победи и исто толку ремија и порази се наоѓа на четвртата позиција на табелата. Пред пресметката со Полјаците, ни претстои дуел со Словенија на домашен терен (10 октомври), во кој Македонија ќе има шанса да го подобри учинокот и да се наметне во борбата за втората позиција.

Табелта група Г:

Полска 13 (бодови), Словенија 11, Австрија 10, Македонија 8, Израел 8, Летонија 0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести