2.8 C
Skopje
сабота, 15 ноември 2025

Полска станува сериозен можен ривал на Македонија во баражот за СП

Италија, Турција, Украина и Полска ќе бидат најверојатно четирите можни ривали на Македонија за полуфиналето од баражите за Светско првенство. Во моментов, симулациите покажуваат дека наши најверојатни противници се Италија и Турција, но тоа не мора ништо да значи.

На Полјаците им треба победа над Малта во последното коло за да бидат меѓу носителите каде со сигурност може да се каже дека ќе бидат Италија, како и Турција и Украина.

Но, оваа варијанта е само ако загубиме од Велс и бидеме трети во групата, па во баражот да влеземе преку Лига на нации што ни носи место во четврти шешир при ждрепката.

Доколку бидеме втори во квалификациската група, тогаш би биле во третиот шешир и ќе ги избегнеме овие фаворити, и во полуфиналето би гостувале кај некоја селекција од вториот во кој веројатно ќе бидат Унгарија, Шкотска, Чешка или Словачка, можеби и Романија, Данска…

Ова се сумулации само ако нема големи изненадувања. Ако на пример Словачка победи на гости кај Германија во последното коло, би се пореметиле некои работи и тогаш Германија ќе игра бараж како прв носител, а Словачка би ја немало во вториот.

- Оглас -

Најнови вести