6708 Фарски о. – Чешка (18.00 часот)
На домашните кои имаат четири бода помалку од Чешка, им одговара само победа, а Чесите за да обезбедат минимум бараж за СП и да ги задржат шансите за директен пласман на СП, треба да победат или да одиграат нерешено. Фараните после шест кола немаат ниеден нерешен резултат, а во март годинава кога овие две селекции се сретнаа во Чешка, Чесите славеа со 2-1. Гостувањата на Фарски острови може да бидат непријатни, во тоа се увери Црна Гора која пред три дена беше прегазена со 4-0.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.74)
6730 Холандија – Финска (18.00 часот)
Лалињата се први на табелата во групата и имаат само три бода повеќе од Финска, но и еден меч помалку од Финска која е трета. Холанѓаните во досегашните пет меча постигнаа дури 18 голови. Во јуни во Финска, резултатот беше 2-0 за Холандија. Финците се надеваат на бараж за СП, но тешко дека може да ја добијат битката со Полска, особено ако загубат вечерва. Тука единствено прашање е колку голови ќе постигнат домашните, би требало да бидат барем три.
Предлог тип: 1 & 4+ (1.89)
6732 Данска – Грција (20.45)
Ако се суди според меѓусебниот дуел кој го имаа во септември во Грција, кога Данска триумфираше со 3-0, нашите јужни соседи вечерва нема што да бараат. Данска по три одиграни кола уште нема примено гол, а Грците се тим кој и дава и прима во просек по два гола, сите мечеви им беа со 3+ голови. Грците пред три дена примија тројка од Шкотска, тешко е да се верува дека може да победат против фаворитот.
Предлог тип: 1Х & 2-3 (2.35)
6731 Литванија – Полска (20.45 часот)
Полјаците се големи фаворити и сигурно ќе победат во соседскиот дуел, со што би ги задржале шансите за прво место во групата. Последните мечеви на овие два тима беа против Финска, Полјаците победија, Финците загубија во мечеви со 3+ голови. Последната победа на Литванците беше во јуни 2024 против Летонија. Во март, Полска дома ја победи Литва само со 1-0, а и вечерва одбраната на Полска би требало да ја зачува мрежата незатресена.
Предлог тип: 2 сигурна (1.98)
6719 Романија – Австрија (20.45 часот)
Австријците се перфектни досега, имаат 15 бодови од пет кола, а во тие пет меча беа доста ефикасни, постигнаа 19 голови, додуша 14 од тие 19 беа против слабиот Сан Марино. Романија уште има шанси да се пробие до баражот и тоа е нивниот мотив, но тие се на пол-позиција и за влез во бараж преку Лигата на нации, па квалификациите може и да ги стават во втор план. Во јуни, Австрија дома ја победи Романија со 2-1.
Предлог тип: Х2 & ГГ (2.15)