6.8 C
Skopje
недела, 26 октомври 2025

Полската полиција се мобилизира во пресрет на доаѓањето на навивачите на Црвена ѕвезда

Еден од натпреварите кои го привлекуваат вниманието во квалификациите за Лигата на шампионите, секако е оној помеѓу шампионите на Полска и Србија, Лех и Црвена ѕвзеда.

Екипата од Белград ја има фаворитската улога, но вниманието е насочено кон навивачите на двете екипи. За мечот во Познањ се мобилизирани полициски сили и од другите региони на Полска, а најавено е присуство и на навивачите на Црвена ѕвезда, кои треба да допатуваат со автобуси и автомобили.

Од полска полиција најавија дека навивачите на „црвено-белите“ ќе бидат со полициска придружба во текот на целата нивна рута и директно ќе бидат спроведени до стадионот, каде ќе бидат детално претресени. Портпаролот на полската полиција најави и дека доколку се мине во најдобар ред, навивачите пријателски ќе бидат испратени и ќе им посакаат среќен пат.

Навивачите на Лех од Познањ се едни од најозогласените во Полска и токму од таму е стравот и на полицијата за евентуелни судири помеѓу приврзаниците на двете екипи.

- Оглас -

Најнови вести