Полскиот голман Габриел Кобилак беше јунак во денешното реми на неговиот тим Радомјак Радом на гостувањето кај Пушча од 1-1, бидејќи не прими гол во долгиот период додека имаа играч помалку на терен и не само тоа.
Кобилак постигна неверојатен гол со шут од 80-тина метри, изненадувајќи го својот колега на другата страна. Кобилак кој има 22 години, ја зеде топката во својот 16-ник, тргна малку напред, а потоа силно шутна, веројатно со намера таа оди што подалеку.
Топката падна на земја на работ на 16-никот на голманот на домашните, Оливер Зих, кој лошо го процени летот на топката која ја упати Кобилак и дозволи таа да се најде во неговата мрежа, на шок на сите присутни.
Погледнете:
https://twitter.com/i/status/1774773392207425913