Полските навивачи се познати како едни од најпроблематични, но кога се работи за германската полиција, тука нема проблем. Полска денеска со 3:1 загуби од Австрија, а пред почетокот на мечот се случи еден инцидент во Берлин.
Група полски навивачи пиеја пиво, кога еден од нив со стаклено шише фрли кон полицајците. Веднаш следуваше реакција од чуварите на редот и мирот. Беше лоциран хулиганот, а еден од полицајците буквално го нокаутираше на земја.