Аргентина поведе со 1-0 против Полска, а Мексико има веќе 2-0 против Саудиска Арабија на половина час пред крајот.
Ако остане вака, Аргентина е прва, Полска втора, но ако Мексико даде и трети гол, Полјаците ќе паднат на трета позиција.
Алексис Мекалистер го даде својот прв репрезентативен гол во дресот на Аргентина, додека Мартин и Чавез погодуваа за Мексико, кој може да се најде меѓу 16-те најдобри ако продолжи со голови во мрежата на Саудијците, кои по сензацијата над Аргентина потфрлаат во наредните две кола.