Полскиот шампион го враќа Давид Бабунски во Европа

Пјаст, актуелниот шампион на Полска, е заинтересиран за членот на златната генерација македонски младинци Давид Бабунски, објавија полските медиуми.

Пјаст сака да се засили со квалитетен играч од средниот ред, а се истакнува дека Бабунски може да игра на повеќе позиции.

Екипата што лани ја освои првата титула во клупската историја сакаше да го ангажира Патрик Липски од Лехија Гдањск, но тој трансфер тешко ќе биде реализиран, па следна опција е да се ангажира Бабунски.

Моментно нашиот поранешен репрезентативец е при крај со договорот со јапонската Омија, па трансферот во Пјаст би бил одличен потег.

Бабунски беше дел и од златната генерација младинци што играше на Европското првенство во Полска во 2017 година, што беше и прв настап на македонска селекција на големо натпреварување.

Пјаст по првиот дел од сезоната е на шестото место во полското првенство со 31 бод, 7 помалку од водечката Легија Варшава.

 

 

- Оглас -

Најнови вести