Не стивнуваат реакциите по поништениот гол од пенал на Хулијан Алварес во осминафиналето против Реал Мадрид. Токму тој поништен пенал на крајот се покажа како клучен за Реал Мадрид да ја добие драмата во пенал-рулетот.
Од Атлетико Мадрид жестоко реагираа на одлуката на судијата Шимон Марќињак дека пеналот на Алварес е нерегуларен затоа што имало допир на топката со двете нозе. Повторената ситуација за спорниот пенал за многумина уште е спорна. Некои тврдат дека има допир на топката со двете нозе на Алварес, додека другите сметаат дека пеналот неправилно бил поништен.
🚨 More footage of Julian Alvarez’s penalty.
You decide if it was a double touch.pic.twitter.com/zpHZwnpRT0
— Atletico Universe (@atletiuniverse) March 13, 2025
Дури и УЕФА со соопштение реагираше по оваа спорна ситуација, па дури се најави и можна промена на правилото за допир на топката со двете нозе ако тоа е ненамерно и нема никакво влијание на ударот.
По поништениот пенал на Алварес, некој се сети да потсети дека судијата Марќињак, кој ја донесе одлуката да го поништи голот, беше главен арбитер и во финалето на Светското првенство во Катар во 2022 година.
Тогаш во финалето играа Аргентина и Франција. По регуларниот дел беше 2:2, а по дополнителните 30 минути резултатот беше 3:3. Светскиот првак се решаваше на пенали, а тогаш Аргентина беше подобра.
Во финалето на Мундијалот, Аргентина со 1:0 поведе со голот на Лионел Меси од пенал во 23-тата минута. Интересно е дека снимките покажуваат дека Меси при шутот на пеналот, топката ја допира со двете нозе. Аргентинецот шутира со левата нога, а топката поминува преку неговата десна нога и завршува во мрежата.
Lo de Julián Álvarez ya pasó en una final de un Mundial pero por lo que sea no se anuló. pic.twitter.com/kqhFXReJVr
— CD Ciudad De Zamora (@CdCiudadDZamora) March 12, 2025
Тогаш Марќињак воопшто не се двоумеше дека тој пенал на Меси треба да биде поништен и го призна погодокот. Сега, на дуелот меѓу Атлетико и Реал, голот од пеналот на Алварес беше поништен, па Кралскиот клуб на крајот се радуваше на победа и пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.