Полските хулигани се тепаа во центарот на Скопје, денеска се можни нови нереди (Видео)

Полските хулигани уште еднаш покажаа зошто се меѓу најозогласените во светот на фудбалот. Вчера во Скопје пристигна помала група навивачи кои вечерва треба да ја бодрат Полска на дуелот против Македонија на стадионот „Тоше Проески“ (20:45 часот), но веднаш направија неред.

Во кафуле во центарот на Скопје, според деталите од Министерството за внатрешни работи, полските навивачи започнале меѓусебна тепачка. Полицијата брзо интервенирала и првично се приведени четири лица. За денеска е најавено дека треба да пристигнат повеќе од илјада полски навивачи, па не е исклучено да има нови нереди.

Поради доаѓањето на полските навивачи, МВР побара, а челниците на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички се согласија, првиот меч од финалето на кошаркарскиот плејоф да не го одиграат денеска, туку да се одложи за утре.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести