Полските навивачи направија хаос во Бирмингам и затоа не добија дозвола за влез на стадион (Видео)

Астон вила со 2:1 ја победи Легија Варшава и со таа победа англискиот тим обезбеди место во нокаут-фазата од Конференциската лига. Дуелот во Бирмингам имаше жестока предигра, а тоа беше поради гостинските навивачи од Полска.

Околу 1.000 навивачи на Легија пристигнаа да го бодрат својот тим на гостувањето кај Астон вила, но на крајот делот од трибината наменет за гостинските фанови остана празен.

Непосредно пред почетокот на дуелот, симпатизерите на Легија ги нападнаа полицајците кои беа пред стадионот. Летаа факли и многу тврди предмети, а неколку полицајци беа повредени.

https://twitter.com/i/status/1730330643567874258

Поради овие големи инциденти беше одлучено да не им се дозволи на гостинските навивачи да влезат на трибините, што наиде на уште пожесток одговор од симпатизерите на Легија.

https://twitter.com/i/status/1730328951652843695

https://twitter.com/i/status/1730317624137929205

- Оглас -

Најнови вести