Целиот свет со чудење ја прими веста дека полските судии, кои беа делегирани за дербито помеѓу АЕК и Арис, во Грција пристигнале пијани. По ваквите обвинувања, полските судии се вратија дома и беа заменети со другии судии од Грција.
Главниот судија Павел Рачковски имаше своја реакција во полските медиуми.
„Што се однесува до гласините и инцидентот на аеродромот во Атина, категорички демантирам дека сум бил пијан, дека сме биле пијани или дека сме биле агресивни. Бевме нападнати од двајца Грци кои говореа на полски и ми рекоа дека се навивачи на Панатинаикос. Прво вербално ме нападнаа дека сум го ‘продал’ натпреварот, а потоа започнаа да ме плукаат и гураат“.
Рачковски на аеродромот бил заедно со помшните судии Сијек и Купишка, како и судијата задолжен за ВАР, Јакубик.
„Инцидентот го пријавив кај аеродромското обезбедување, како и местото каде што се случи, а навивачите потоа беа отстранети. Потоа отидов во мојата соба и таму останав цела ноќ. Ги одрекувам сите невистини кои се кажани и напишани за мене и за мојот тим“, заврши полскиот судија Павел Рачковски.
Наводниот инцидент први го објавија од екипата на АЕК.