Полските судии кои требаше да го судат грчкото дерби, во Атина пристигнале пијани и правеле проблеми

Неколку часа пред стартот на дербито во Грција меѓу АЕК и Арис, се појави сериозне проблем и тоа таму каде што најмалку се очекуваше. Поради важноста на мечот, од грчката фудбалска федерација решија да повикаат судија од странство да ја дели правдата.

Беше одлучено судија да биде Полјакот Павел Расковски, а од Полска беа повикани и помошниците судии, како и судијата во ВАР собата. Сите четворица арбитри од Полска додека биле на лет кон Атина, конзумирале голема количина алкохол и се опијаниле.

Арбитрите почнале да прават проблем и во авионот, а потоа и кога слетале во Атина. Дури имале и конфликт со некои од патниците. Откако се дознало за овој инцидент, полските судии биле прогласени за „нестабилни личности“, па многу веројатно е дека тие воопшто нема да се појават на стадионот во Атина да ја делат правдата на дербито.

Атинско-солунскиот дуел треба да започне во 17 часот. АЕК е лидер на табелата со 66 бодови, додека Арис има 41 бодови. Освен ова дерби, во Атина вечерва ќе се игра уште едно големо дерби и тоа меѓу Панатинаикос и Олимпијакос, а судија на овој меч е Шпанецот Дел Церо. Панатинаикос има 66 бодови и е на второто место додека Олимпијакос е трет со 63 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести