19.8 C
Skopje
петок, 10 октомври 2025

Полстер љубоморен на рекордерот Арнаутовиќ: Сан Марино е група на пица мајстори!

Марко Арнаутовиќ синоќа со четирите голови против Сан Марино стана најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Австрија, тој е нов рекордер со 45 погодоци, надминувајќи го досегашниот рекорд на легендата Тони Полстер.

По мечот, Полстер му „честиташе“ на Марко, но звучеше како да е љубоморен што му го презеде рекордот.

„Честитам Марко, заслужен, секогаш беше тука спремен да игра. Му посакувам уште многу успеси. Тој одигра многу повеќе натпревари за репрезентацијата од мене. Што се однесува до Сан Марино, тоа не е репрезентација, тоа е група на пица мајстори. Нема што да бараат на меѓународна сцена. Во мое време немаше таков лош тим“, коментираше Полстер, кој даде 44 гола на 95 меча за Австрија, а Аранаутовиќ има 45 голови на 128 настапи.

- Оглас -

Најнови вести