Хајдук и Динамо Загреб вечерва ќе го играат големото хрватско дерби. Гостите од Загреб можат да слават титула на теренот на лутиот ривал и тоа пред 38.000 навивачи бидејќи стадионот “Пољуд“ е распродаден.
Динамо Загреб има 12 бодови предност пред Хајдук и со евентуална победа на денешниот дуел и официјално ќе ја одбрани титулата во хрватското првенство. Квотата за такво нешто да се случи во Сплит во понудата на Sport Life е 2.05.
Натпреварот на “Пољуд“ започнува во 18 часот, а доколку Динамо Загреб стигне до трофејот тоа ќе биде вкупно 24-та шампионска титула во хрватското првенство. Динамо има и девет титули шампион на предводена и повоена Југославија.