„Пољуд“ распродаден за рекордно време, Динамо во Сплит го очекува вистински пекол

Во недела, на први октомври, на стадионот „Пољуд“ во Сплит ќе се одигра вечното хрватско дерби помеѓу Хајдук и Динамо Загреб. Влезници за дуелот повеќе нема, иако во продажба беа пуштени утринава во 10 часот.

Тоа значи дека Динамо ќе гостува на комплетно исполнетиот стадион во Сплит и ќе се обиде во директен дуел против лидерот на табелата да дојде до првата позиција во хрватското првенство.

Сепак, треба да се знае дека Хајдук пред почетокот на сезоната продаде околу 20.000 сезонски влезници, а денес во слободна продажба беа пуштени околу 13.000 билети. За најсреќните постои само уште малку надеж дека ќе можат да дојдат до билет, и тоа само преку опцијата „седни на моето столче“, што значи ако некој од имателите на сознски билет се откаже од своето место или не е во можност да дојде на стадион за тој натпревар, неговиот билет оди во слободна продажба.

- Оглас -

Најнови вести